Странски инвеститори во Македонија ќе можат да се стекнат со македонски пасош со влог од 200.000 евра, одлучи Владата, а цел е е да се привлечат поголем број на инвестиции.
Според старото правило од 2012, кое се уште важи, македонско државјанство можеше да стекне странец кој инвестирал капитал во износ од најмалку 400.000 евра по лице како директна инвестиција во нови капацитети и тоа со најмалку десет вработени лица на неопределено време, пишува Фактор.
Сега се предвидува во иднина странец да може да добие пасош доколку инвестирал капитал во износ од најмалку 200.000 евра и тоа во период од најмалку две години во приватeн инвестициски фонд, а при тоа не се бара ниту број на вработени.
При тоа инвестицискиот фонд во кој бизнисменот ќе членува како еден од условите треба да има минимум 5.000.000 евра почетен капитал. Ова значи дека ваквата мерка е замислена како „колективно“ одобрување на овој документ и за повеќе странски бизнисмени одеднаш.





