Пожар изби синоќа околу 22 часот во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола.
Од ТППЕ од Битола рекоа дека интервенирале со една екипа, а со подетални информации ќе информираат во текот на денешниот ден, јави ТВ Тера.
Пред избувнување на пожарот одекнала силна експлозија, јави ТВ 21.
Од полиција велат дека во пожарот немало повредени и настрадани лица.
Според информациите на ТВ Телма гореле картони и не била предизвикана поголема материјалнна штета





