Шилегов не знае од која ракија боли глава (ВИДЕО)

„Не знам од која ракија боли глава, бидејќи алкохол и ракија ретко пијам во животот….секоја втора пијандура за мене вели дека сум пијандура…“, рече градоначалникот Петре Шилегов коој вчера инсистираше да одговори на прашање од гледач во синоќешното гостување на ТВ Алфа.



Според него, кога сте инфериорен интелектуално, материјално, кога сте неуспешен во животот а гледате спротивен од вас на телевизија, најлесно е да кажете – е овој пијанудра. Шилегов вели дека тој е цел на црна кампања.

„Најчесто тоа ми го кажуваат луѓе што не ги бива за ништо во животот. Секоја втора пијандура во животот мене ми вика дека сум пијандура. Супер, јас можам да живеам со тоа…“ рече Шилегов.