Најголемите партии на Косово вршат притисок албанскиот премиер Еди Рама да го откаже самитот на Драч меѓу Албанија, Македонија и Србија.
Самитот е во рамките на иницијативата „Мал Шенген“, зона на слободно движење на гкапиталот и луѓето меѓу земјите во регионот.
Се бара официјална Тирана да заземе „нова позиција кон Србија“, откако официјален Белград, односно српскиот претседател Александар Вучиќ, ги негира „злосторствата извршени од српските воени, полициски и паравоени сили за време на воениот конфликт на Косово во периодот 1998-99“, јавува Косова прес.
.„Овој процес ќе биде во целост во корист на Србија, а не на другите држави кои тврдат дека имаат интерес. Затоа Албанија треба да ја погледне Србија со очите на Косово како што гледаат косовските граѓани. Имавме контакти (со Албанија) и им рековме дека Србија треба да биде казнета за случувањата во Косово“, вели Албулена Хаџи од Движењето Самоопределување кое победи на последните парламентарни избори и има мандат за формирање влада.




