Премиерот барал прочистување, а не ветинг

Премиерот денеска ја дообјасни вчерашната изјава на трибината „Прав пат“ на која ги повика УЈП, МВР, Антикорупциска да почнат со проверка на имотот на судиите и на обвинителите и нивните семејстгва.



„Процесот што го спроведуваме се вика прочистување во делот на правосудството, кај судиите и јавните обвинители. Поимот ветинг не треба да го употребуваме поради тоа што ветингот, посебно во регионот симболизира една поразлична постапка“, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Спооред него земјава е во понапредна фази со реформските закони и институциите имаат сериозни алатки да го направат прочистувањето.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска рече дека ветинг во судството е последната опција што ѝ треба на земјава.