Нема причини а нема ни потреба да се одложат предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој најави дека набрзои ќе биде познат и составот на техничката влада, а како можни кандидати за технички премиер ги спомена имињата на министрите Оливер Спасовски и Мила Царовска, пренесе МИА.
Заев очекува овој парламентарен состав да го ратификува и Протоколот зџа пристапување во НАТО од наша страна, со оглед на тоа дека е извесно дека владата на Шпанија ќе биде фгормирана на почетокот на јануари по што е реално да се очекува дека и оваа членка на НАТО, ќе го стори тоа набрзо.





