Новинари истерани од зградата на Уставен суд!

Службите на Уставен суд на дрзок начин не дозволија никакво присуство на медиумите во зградата каде што се одвива средба на претседателот на Уставен, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.



Нема информации за каква средба станува збор и зошто евроамбасадорот Жбогар е во судот, но на новинарските екипи кои инсистираа да земат изјави по завршување на средбата, им било речено дека изјави можат да земаат само надвор од објектот.

Уставниот суд во периодов е актуелен по иницијативата за преиспитување на уставноста на поништувањето на помилувањата од поранешниот претседател Иванов, потсетува „Телма“.