Градоначалникиот на Скопје реагира на информацијата дека Дино Мерлин ќе биде платен 100.000 евра за новогодишниот настап на скопскиот плоштад. Петре Шилегов вели дека пејачот нема да биде платен од буџетот на Градот.



„Почитувани непочитувачи, гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како … (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски) .

А колку чини среќата на Скопјани“? – реагираше Шилегов на Фејсбук.

Според „Kурир.рс“, Мерлин за 100.000 евра ќе ги забавува скопјани и тој, заедно со Здравко Чолиќ, ќе го добие најскапоплатениот хонорар за новогодишната ноќ од сите бакански ѕвезди .

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат од Шилегов да каже кои се тие спонзори и интереси кои ќе го исплатат настапот на Мерлин.