Шелхарбур во австралиската држава Нов Јужен Велс буквално експлодира од одушевување по прогласувањето на Александар Волкановски за нов светски шампион во ултимејт фајт во категоријата до 66 килограми.



Невидена еуфорија го зафати родното место на Македонецот, чие семејство ја сподели радоста од подвигот на својот син со присутните во хотелот „Шелхарбур синтрал“, кои го следеа мечот на голем екран.

Вистинска ерупција во салата предизвика прогласувањето на популарниот „Александар Велики“ за победник во борбата со бранителот на титулата Макс Холовеј од САД.

https://www.facebook.com/Illawarramerc/videos/2753727301374182/