Потребно е судство кое одлучува, а не такво кое ги застарува предметите, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.Тој ги повика Антикорупциската комисија, УЈП, МВР и другите надлежни институции да го испитаат потеклото на имотот на судиите и обвинителите и нивните семејства, а од Судскиот совет – да ја провери нивната работа.



“Да ни кажат кој тоа влијаел на судиите. Кој тоа ги држи предметите во фиоки. Да ни каже зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на поранешниот преетседател на Врховниот Суд. Ја повикувам и Европската Комисија да го стартува веднаш процесот на мониторинг на судски случаи од висок профил“, рече Заев на денешната трибина „На прав пат“.