Деветг лица се веќе уапсени а за уште 8 лица албанското обвинителство издадало налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51 лице во земјотресот со јачина од 6,4 степени кој минатиот месец ја погоди замјата.
Првичните истраги покажале дека една од причините за жртвите во срушените згради е тоа што градителите, инженерите и инвеститорите не ги почитувале безбедносните правила, норми и стандарди за градење, пренесе „Ројтерс“.
Меѓу деветтемина уапсени, двајца се сопственици на два нелегално изградени хотели кои се урнаа во Драч кога загинаа четири лица, а третиот е менаџер на хотели кој бил наменет за одмор на полицијата и во којшто загина високо рангиран полициски службеник.
Дел од 17-те лица што ги бара обвинителството избегале по земјотресот на 26 ноември, пренесе Плусинфо.





