Американската енергетска асоцијација (АЕА) им помага на Македонија и други 6 земји во регионот да изготват модели за системи за дистрибуција на гас во пресрет на новиот гасовод кој што треба да носи енергенси од Азербејџан до Италија преку Балканот.
Според Вилијам Полен, директор на АЕА националните модели на земјите од регионот ќе бидат интагрирани во крајот на годинава во регионалниот план на Транс – Јадранскиот гасовод (ТАП). Една од целите на проектот финансиран од американскиот федерален буџет е да се поттикнат министрите за енергија на седумте земји од југоисточна Европа каде што ќе минува ТАП да ја испланираат својата потрошувачка до 2025 година.
ТАП кој а проект во кој ќе учествуваат неколку европски земји и финансиски институции треба да е готов до 2020 година а ќе носи касписки гас во Европа. Оригиналната рута на овој гасовод која минува низ Грција а на која може да се приклучи и Македонија оди преку Албанија и завшрува во Италија. Покрај оваа рута се планира и уште една, таканаречена Јонско – Јадранска рута која што ќе носи гас до Хрватска.
За разлика од Хрватска и Бугарија кои што имаат развиена мрежа за дистрибуција на гас во Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Босна и Македонија состојбата е на елементарно ниво.
Во рамки на договорот за помош од САД потпишан минатиот месец седумте земји ќе добијат софтвер и обука за моделирање на сопствени системи за дистрибуција на гас.
Проектот ТАП покрај бизнис има и геостратешко значење затоа што со него се намалува значењето на руските енергенси во Европа.
На состанок на земјите и институциите кои што се основачи на проектот ТАП минатиот месец во Баку било одлучено и Македонија да биде поканета да учествува во овој проект вреден околу 10 милијарди евра. (читај тука за поканата за Македонија)





