„Во голема мерка вицепремиерот Бујар Османи беше во право кога изјави дека Венецијанската комисија не е супермаркет па од нејзиниот извештај за Законот за јазиците секој да земе што сака. Тоа е така, но во неговата прва импулсивна реакција по објавувањето на извештајот тој се протурка до врвот на редицата и истрча до рафтовите на „супермаркетот“ да го земе она што тој го сака, а другите работи не сакаше ни да ги погледне…“, пишува новинарот Љупчо Поповски за „Дојче веле“.
(…)
„Бујар Османи, а и Артан Груби, во супермаркетот најмногу застанаа кај рафотот каде се наоѓа употребата на јазиците на банкнотите, униформите и поштенските марки.
Точно е – Венецијанската комисија вели дека мултијазичноста не е невообичаена во вакви случаи, но таа не наведува препораки, туку само случаи каде е тоа направено: како во Израел (на банкнотата на националната валута шекел хебрејскиот е напишан на лицето, а арапскиот на задниот дел од неа, додека од двете страни има зборови на англиски), Швајцарија, Канада, Кипар.
Околу униформите се наведува дека е тешко да се најде пример за повеќе од еден јазик на нив (без оглед дали е војничка, полициска или пожарникарска).
Во Швајцарија, на пример, на полициските кантонални униформи стои само јазикот кој се зборува во одредениот кантон“.
Целата колумна на следниот ЛИНК





