Премиерот Зоран Заев изјави дека лично ќе се сретне и ќе разговара со бугарскиот премиер Бојко Борисов околу прашањето за македонскиот јазик кој бугарската академија го оцени како бугарски дијалект.
„Јас веќе воспоставив контакт со Борисов. На крајот на декември или почетокот на идната година ќе се сретнеме и ќе разговараме. ние сме пријатели, имаме намера да бидеме европејци, рече Заев.
Тој рече дека Македонија не испртатѕиола официјална нота по негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарската академија на наукитге.
„Не секогаш реакциите се изразуваат како протестна нота. Некои реакции се преку протестна нота, друг дел се реакции кои значат повикување на амбасадорот во Министерствотои за надворешни, трет вид реакции се политички рфазговори.
Веќе воспоставив контакт со премиерот Борисов на крајот на годинава или на почетокот на следната да се ведиме“, рече Заев потенцирајќи деказ „нашиот јазик е признат во целиот свет, впишан во ОН, идентитетот е верификуван“.




