Премиерот Зоран Засев вели дека 5-те илјади амандмани на Изборниот законик поднесени од ДУИ се „ту мач“.
Според него, ВМРО ДПМНЕ поднесува 9 илјади амандмани со што најавува намера да се блокира законот, „но амандманите од ДУИ се сериозна порака што СДСМ треба да ја разгледа“, оценува премиерот и лидер на владејачката партија
ДУИ, коалицискиот партнер на СДСМ, вчера соопшти дека со 5 илјади амандмани ќе му застане на пат на едностраното менување на изборните правила.
Иницијаторите на измените на изборното законодавство, чиј број се искачи на 17, тврдат дека предлогот за една изборна единица и за отворени листи има поддршка од 65 пратеници и апелираат амандманите да се повлечат и да се отвори дијалог, пренесе Телма.




