Производителите на медицински канабис од Здружението „Макканабис“ апелираат до трите најголеми политички партии под житно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции, да биде донесерн по скратена постапка и – пред изборите.
„Апелирам до сите политички чинители во државава да престанат игрите со донесувањето на новиот Закон за опојни дроги и психотропни супстанции, кој како некој намерно да не сака да се донесе. Апелирам до сите партии, а најмногу до трите најголеми партии во земјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да престанат со ситно политичко профитерство и здружено да се донесе овој закон пред да се распишат предвремени парламентарни изборите“, истакна Костадин Дуковски, претседател на Здружението „Макканабис“ на прес-конференција.
Со одолговлекувањето на донесување на законот, според Дуковски, губат сите кои инвестирале во овој бизнис, илјадници семејства кои што со примарна и секундарна дејност ќе живеат од бизнисот, а најмногу, како што рече, губи државата и огромни средства кои би се слеале во буџетот, како и можноста да се позиционира како европски лидер во оваа бранша и на производствено, но и на научно-истражувачко поле.





