Е овие здодевни се овие членови на Бугарската академија на науките и уметностити, реагира поранешниот почесен конзул на Македонија во Хрватска, Горан Калоѓера откако бугарските академици го оспорија постоењето на македонскиот јазик.



„Отпрвин, размислував да дадам пристоен коментар, но решив дека нема смисла да го трошам времето на нивните небулози, што траат и траат. Верувам дека моите колеги македонски лингвисти ќе одговорат на нив со достоинство, но прашањето е дали и тоа има смисла.
Тие ќе продолжат да „тамбураат“по свое, несвесни дека стануваат смешни, вознемирувачки и дека останува нивната основна задача да испровоцираат.

Но, за оваа прилика би го цитирал покојниот академик Далибор Брозовиќ, човек со светска репутација на полето на лингвистиката.Во својот текст “Uz makedonske jezične obljetnice” ( Jezik, 34, 1986.), Брозовиќ пишува:

„Дури и во рамките на словенскиот јазичен свет, македонскиот јазик е многу оригинален и карактеристичен“.

Доволно за мене, напиша Калоѓера на Фејсбук.