Според првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори во Велика Британија, Конзервативната партија на лидерот и премиер Борис Џонсон освои 358 мандати, што е доволно „комотно” мнозинство во 650-члениот британски парламент.
Според резултатитѕе што ги објави Би-би-си, опозициските Лабуристи освоија околу 200 мандати, Шкотската национана партија 48 мандати, а Либерланите-демократи 11.
Доколку резултатите се потврдат тоа ќе биде најголема победа на Ториевците на парламентарните избори од успехот на Маргарет Тачер во 1979 година.
Пред изборите, доминантна тема беше заминувањето на Британија од Унијата која е актуелна од референдумот за тоа во 2016 година.
Оваа победа на Борис Џонсон ќе му даде одврзани раце да го спроведе излегувањето на Британија од ЕУ кон крајот на јануари.
Овие избори беа трети во Британија за помалку од пет години и први во декември во последниве 100 години.




