Фуере и Османи не веруваат во датум за ЕУ во март

„ЕУ веќе не е тоа што беше. Има помалку предвидливост за сега да зборуваме за некаква динамика. На сите им е јасно дека се направи грешка и оти ние бевме спремни за почеток на преговорите…. Премногу се комплицирани односите во ЕУ…“, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на годишната конференција на Секретаријатот за Европски прашања во Струга, на која се сумираат резултатите од процесите на европска интеграција на земјава во годината која изминува, пренесува Алсат М.



„Ќе биде навистина предизвик да се работи на тоа да се постигне консензус за почеток на преговорите во март поради начинот на кој функционираат разговорите во ЕУ и тоа можеби нема да биде можно, но секако дека треба да се работи најдоцна до јуни да се донесе одлука за формално отпочнување на преговорите. ..“, рече Ерван Фуере поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија.