„Ставот на БАН за непризнавање на македонскиот јазик и неговиот третман како ‘писмено-регионална норма на бугарскиот јазик’ е само логичен континуитет на вкупната повеќедецениска бугарска антимакедонска, асимилаторска и денационализаторска, политика. Ваквата антимакедонска реакција на БАН, како и низата провокативни и антимакедонски јавни искажувања на мнозина од бугарските историчари и политичари во последните месеци, е фактички само материјализација на скоро едногласно усвоената Декларација за Македонија од Бугарското народно собрание во октомври 2019 година.
„Без промена на таквата политика, што пак е подолготраен процес, не може да се очекуваат позитивни поместувања во македонско-бугарскиот дијалог и во добрососедските односи“, вели Д-р Александар Литовски, историчар и член на мешовитата македонско-бугарска комисија, за Фокус.





