Доколку во парламентот немаше мнозинство што ја поддржува еднаквоста на граѓаните во однос на јазичните права, Законот за употреба на јазиците немаше да биде донесен, пишува Дојче веле.
„Имајќи го тоа предвид, многу арогантно и политички неодговорно прозвучи вчерашната изјава на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, дека „цел ден се двоумел дали да учествува во емисијата (Топ-тема, ТВ „Телма“), бидејќи сметал дека е апсурдно да разговара за употреба на, од Господа дадено право за употреба на мајчин јазик, особено со тројца Македонци (присутни на дебатата)“.
Па како беше донесен тој закон, ако не низ дебата? Зарем падна од небо директно на масата пред Талат Џафери?





