Дефиниција за хипокризија, вели Дукоска за честитката од Димитров за Денот на човековите права

Ана Дукоска, глобална координаторка на непартиското движење „Ние сме Македонија“ од Вашингтон, реагира на честитката за Денот на човековите права од министерот за надворешни работи и потписник на Преспански договор, Никола Димитров.



„Дефиниција за хипокризија #Преспа #Име #Јазик# ИдентитетБетон“, прокоментира на Твитер македонската активистка од САД.

„Ден на човековите права – нешто што нелегално инсталираната влада во Македонија има смелост да го третира и покрај тоа што ја потпишаа ‘Преспа’ и ги сменија името и идентитетот на земјата против волјата на граѓаните @ОН #ПравоНаСамоопределување #НиеСмеМакедонија #НикогашСеверна“, твитна повторно Дукоска.