Македонската
Законот за трговија на зелените пазари кој беше донесен во јануари 2018 година на иницијатива на група пратеници во Собранието и имаше одложено дејство од почетокот на следната 2020 година , е укинат.
Владата на денешна седница го усвои предлогот за престанок на важноста на Законот, соопшти владината прес-служба.
Одлуката на Владата ќе биде доставена до Собранието и се очекува по скратена постапка да биде поништено законското решение.
Министерот за економија Крешник Бектеши најави подготовка на нов закон во косултација со пазарџиите.
Со Законот меѓу другото пазарџиите требаше да добиваат лиценци, а на пензионерите да им се забрани да продаваат на зелените пазари.





