Македонија солидарна со Косово и Албанија, го бојкотира нобеловецот за литература

Македонските власти молчат но косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли открива дека и Македонија го бојкотира доделувањето на годинешната нобелова награда за литература на Питер Хендке.



Иако Димитров никаде не објави дека ќе го бојкотира шведскиот Нобелов комитет и шведскиот крал, Пацоли му се заблагодари на македонскиот министер за бојкотот за австрискиот писател.

Петер Хендке од дел од европските политичари е обвинет дека бил близок со Слободан Милошевиќ и дека го минимизирал или негирал злосторствата против човештвото во Босна и Херцеговина.

“За разлика од Хендке кој не беше со нас во 1998 и 1999 година кога Милошевиќ вршеше воени злосторства на Косово, Македонија беше со нас” , му напиша Пацоли на Димитров заблагодарувајќи му се што ја бојкотира церемонијата на доделување на Нобелова награда за литература.

По објавувањето на одлуката на Шведската академија Хендке изјави дека не се чувствува виновен за обвинувањата.