Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера постигнаа договор за прекин на огнот во источна Украина и за размена на сите преостанати затвореници до крајот на 2019 година.



Чуствителното прашање за статусот на Донбас, регионот во источна Украина каде има доминантно руско население е оставено за идна средба.

Првата средба меѓу Путин и Зеленски траеше девет часа и се одржа во Париз, по иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Конфликтот во источна Украина избувна во 2014 година, при што загинаа повеќе од 13.000 луѓе а околу еден милион беа приморани да побегнат.

По конфликтот, голем дел од Украина остана под контрола на сепаратистите поддржани од Москва.