Лидер.мк: Врвот на Владата инволвиран во криминал вреден 200 милиони евра (1)

Афера вредна 200 милиони евра објавува порталот лидер кој пишува дека во целиот дил, очигледно се вмешани премиерот Зоран Заев но и вице-премиерот Кочо Анѓушев.



Врвот на владата според порталот заедно со дел од судската власт по се изгледа соработуваат со руската офшор фирма „Битер-Холдинг Лимитед“ која предизвика лажен стечај на ТЕ-ТО – поради што беше поднесена кривична пријава од финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

“Имено, Финансиска Полиција го сомничи директорот на фирмата Вадим Михајлов (инаку руски државјанин) кој во моментов е во бегство, дека го предизвикал лажниот стечај на ТЕ-ТО и со тоа ги оштетил акционерите на Топлификација за повеќе од 30 милиони евра”, пишува лидер.мк.

Целата информација на следниот ЛИНК