Легендата на светската кинематографија, актерот Кирк Даглас наполни 103 години.
Даглас е роден како Исир Даниелович на 9 декември 1916 година, како син на руски Евреи кои емигрирале во САД. Неговиот татко, пристигнал во 1908 година од Белорусија, а неговата мајка, две години подоцна.
Тој бил единствено момче покрај 6 сестри, од кои жива е само најмалата, која има 99 години.
Даглас дипломирал на Св. Лоренс во 1939 година, неговиот актерски талент му помогнал да стигне до стипендија на Американската академија за драмски уметности во Њујорк. Неговата актерска кариера, била прекината во Втората светска војна (1443-1944) кога служел на Пацификот.

По војната, Даглас заминува во Холивуд каде почнува неговата успешна актерска кариера.
Кирк Даглас се женел два пати , има 4 синови од кој најпознат е актерот и продуцент, Мајкл Даглас.
Рангиран е на 17 место на списокот на најголеми легенди меѓу актерите-мажи на Американскиот филмски институт и единствена жива личност од тој список.
Даглас е добитник е на „Оскар“ за животно дело.
Каква била атмсферата преку социјалните мрежи покажа неговиот внук, Камерон Даглас кој на Инстаграм објави неколку фотографии.




