Проферорката Тања Каракамишева најави дека следната недела ќе биде поднесена иницијатива до Уставниот суд за поништување на Законот за јазиците.



„После вчерашното критично мислење на Венецијанската комисија за Законот за јазиците ги повикувам сите научни капацитети во земјата, академик Катица Ќулавкова, проф. Гордана Силјановска-Давкова, проф. Каролина Ристова-Астеруд, проф. Јасна Котеска и нека ми простат сите други еминентни професори кои не ги споменав да ја поддржат иницијативата за поништување на Законот за јазиците што веќе следната недела ќе биде поднесена пред Уставниот суд.

Право и европски стандарди за Македонија, пред се!- напиша Каракамишева на Фејсбук.