Вицепремиерката Радмила Шекеринска вели дека многу сериозно ќе се анализира мислењето на Венецијанската комисија околу Законот за јазици и дека ќе се земеле предвид различни забелешки за да се најде „решение што ќе биде плус за сите граѓани во државата“.
Министерката порача дека оваа влада не верува во еднократно менување на важни закони, но дека кај сите партнери во коалицијата постои увереност да се почитува тоа што го превзеле како обврска на почетокот.
„Ние, веруваме дека јазичните права се права кои што ја градат кохезијата во државата. Законот веќе долго време е на сила. Никој не плати казна поради тоа што не знае албански, како што не критикуваа. Никој не е натеран да користи нешто што не го знае или не сака да го користи, како што некои тврдеа. Покажавме дека ова прашање не е табу. И покажавме дека ова прашање сакаме да го решаваме како држава која навистина гради едно општество за сите. Со таков дух, со такви аргументи, ќе го погледнеме мислењето на Венецијанската комисија и ќе излеземе со заеднички став“, рече Шекеринска додавајќи дека ова не е прашање кое повторно треба да ја дели државата.





