Професорката Гордана Силјановска со коментар на мислењето на Венецијанската комисија која побара да се суспендира Законот за јазици и иницијативата на Татијана Каракамишев Уставниот суд да решава за законот.
Според Силјановска иницијативата на Каракамишева е логично продолжение на она што го кажа Венецијанската комисија, но и на она на што укажуваа мнозина, меѓу кои и таа, многу порано, уште во време на донесувањето на законот.
“Се надевам дека Уставниот суд ќе собере храброст да се соочи со предизвикот да го одбрани владеењето на правото, впуштајќи се во оценка на уставноста на Законот за јазиците.
Впрочем, Венецијанската комисија, во Мислењето укажува дека го оценува законот низ призма на европските јазични стандарди и практики, како и реалните опасности што демнеат од неговата примена, оставајќи му ја оценката на уставноста на Уставниот суд”, вели Силјановска.
Заедно со колешките Катица Ќулавкова, Симона Маџовска- Груевска, Каролина Ристова- Астеруд, Елка Јачева Улчар, но и многу други, секоја од свој научен агол, Силјановска укажуваше на отстапување на законот од европските јазични документи и принципи, на кршењето на правната процедура при неговото донесување, на неуставноста на најголемиот број законски решенија, излегувањето од рамката на Охридскиот договор, реалната опасност од кршење на индивидуалните човекови права, поскапување и усложнување на процесот на одлучување, одложување на правдата, неправдано и Драконско санкционирање на „прекршувањата“.
Според Силјановска Законот креира паралелни општествени светови, изгубени во преводот, туркање во институционална и процесна дисфункционалност…




