Деца кои патувале за „Копаоник“ се повредените во сообраќајката во Србија

Во сообраќајката несреќа која утрово се случи на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во кој автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник, повредени се 26 лица, соопшти и Министерство за здравство според информациите добиени од Министерството за надворешни работи, пренесе „Инфомакс“.



Од нив, 18 се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље, а еден од згрижените во Прокупље е потешко повредено, дознава Ифоимакс.

Нема пациенти во животна опасност.