Во автобуската несреќа што изутринава се случи во Србија, на магистралниот пат Блаце-Белољин, повредени се вкупно 26 патници.
Од нив, 18 се згрижени во болницата во Блаце, а 8 во Прокупље,
Едно лице е со потешки повреди и е згрижено во болницата во Прокупље, дознаваат медиуми.
Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш.





