Нова аудио снимка поставена на Youtube на која се слуша глас кој наликува на бизнисменот Орце Камчев, поврзан со случајот Рекет, објави „Телма“.
Според разговорот што е објавен, тој бара средба со Вице Заев и се заканува дека доколку не се заврши договорената работа “ќе крварат сите”. Се слуша и како вели дека ако нема договор нови материјали ќе бидат пуштени од Бугарија а ја подвлекува и својата блиска соработка со ВМРО-ДПМНЕ
“Дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв и крв” – вели Камчев на објавената аудио снимка.
Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека објавениот разговор не е дел од доказниот материјал кој обвинителството го поседува за случајот Рекет , објави Телма.
Русковска, која го води случајот Рекет, за дел од медиумите изјави дека аудио снимките кои пред помалку од 12 часа беа објавени на Јутуб не се дел од доказите кои странките во постапката им ги доставиле.
„Првпат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени“, вели Русковска за Локално и додава дека обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб, дознава РСЕ.





