Откако денеска беше споменат на рочиштето за „Рекет“, министерот за здравство , Венко Филипче за Канал 5 потврдил дека бил повикан од Бојан Јовановски на средба со Орце Камчев , но за ништо не се договориле.



,,Средбата која се споменува во денешното судење за случајот „Рекет“ се одржа на барање на Бојан Јовановски на која јас и Орце Камчев бевме повикани да разговараме за некакво јавно-приватно партнерство за болница која тој имал намера да ја прави.

Од тој состанок не произлезе ништо и повеќе не остваривме средба.” , изјавил Филипче за Канал 5.