Ќе добие ли Јанева апанажа?

Барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, денеска ќе се најде на дневен ред на една од седниците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Претседателот на Комисијата Илија Димовски смета дека Јанева не ѝ се следува бидејќи не е избрано лице: Собранието ја предложи Јанева, но нејзиниот избор го изврши Советот на јавни обвинители.




https://www.expres.mk/katica-janeva-bara-apanazha-video/