Српското движење за обнова (СПО) ѝ предложи на Владата на Србија и на градот Белград да подигнат Триумфална порта, која би ги симболизирала победите на српската војска и држава во балканските војни и во Првата светска војна.
Според заменик претседателот на СПО, Александар Котриќ, Триумфална порта требало да биде подигната уште пред Втората светска војна, во чест на кралевите Петар и Александар Караѓорѓевиќ, војводите, генералите, офицерите, војниците.
„Реализацијата на оваа идеја беше спречена со попчнување на Втората светска војна, распадот на Кралството Југославија и победата на комунистичката револуција“, рече Котриќ, додавајќи дека не е доцна да се подигне Триумфалната порта сега, седумдесет години подоцна.




