Брачниот пар Камчеви денеска ќе сведочи за „Рекет“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се појават како сведоци на Обвинителството за случајот „Рекет“, бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга.



Во случајоит „Рекет“ како прво и второ обвинети се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13, а третообнвинетиот Зоран Милески Кичеец, на првото рочиште пред три дена, ја призна вината и му беа пресудени 3 години затвор.