Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на настојувањето на премиерот Зоран Заев да го наметне оксиморонот „мултиетнички македонски народ“.



„Употребата на поимот мултиетнички народ воопшто не е случајна. Станува збор за вовед во целосно обезличување и бришење на идентитетот на македонскиот народ а поимот ‘мултиетнички народ’ е само навидум бениген инструмент за реализација на овој идеолошко-политички проект“, коментира Цветаниова на Фејсбук.