Вицепремиерот Бујар Османи пред заминувањето за Италија на денешната сесија на Венециската комисија го соопшти крунскиот аргумент на Владата во одбрана на Законот за употреба на јазиците.



„На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија, каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на Владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот договор, но и на потребата за создавање европска мултиетничка и функционална држава“, објасни на Фејсбук потпретседателот на Владата задолжен за евроинтеграции.