Првиот човек на Македонското Меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада Бил Николов јавно бара средба со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Николов кој е канадски граѓанин објавува фотографија од неговиот татко пред да ја напушти Егејска Македонија и замине во Канада.
Тој очекува Трудо да објасни зошто ја напуштил канадската политика кон Македонија и се приклучил на притисокот врз Македонците.
“Татко ми, на последниот ден во #Желево, Егејска #Македонија, пред да емигрира за Канада. Го преживеа грчкиот прогон. #Канада не’ поддржуваше – додека Трудо не им се приклучи на #САД во притисокот врз сите #Македонци да се преименуваат. Џастин, сретни се со мене и КАЖИ МИ ЗОШТО”, пишува Николов во јавната покана до Трудо.




