Кривичниот суд изрече пресуда од три години затвор за Зоран Милевски Кичеец третообвинет во случајот „Рекет“.
Кичеец вчера, на првата расправа по овој предмет, ја призна вината.
Тој е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.
Во казната ќе биде засметано и времето што Соран Милевски ги помина во притвор.




