Расте бројот на “локални шерифи” низ Македонија

По инцидентот во Тетово каде завчера пред полноќ локални шерифи исфрлиле од возило во движење сопственик на автомобил од Крива Паланка стигнува информација за друг локален шериф кој е имун на казни.



Локални извори испраќаат фотографија од возило со бугарски таблички кое е паркирано на пешачки премин но полицијата не реагирала и на ова прекршување на Законот за сообраќај ниту на други слични прекршоци од истиот сторител.

Причината е во тоа што според изворите на expres.mk сопственикот е близок на локалните власти со кои има и бизнис релации.

Додека за обичните граѓани полицијата не размислува ни секунда пред да изрече парични казни за најбаналниот работи, за миленикот на властите во Крива Паланка некои луѓе се недопирливи, велат граѓани од овој град.