Од вкупните побарувања на доверителите, извршителите за десет месеци наплатиле 90 милиони евра.



Од Комората на извршителите забележуваат дека поради последните законските измени што стапија во сила во почетокот на 2017 година во корист на доверителите, наплатиле 50 милиони евра помалку во споредба со 2017 година.

„Извршителската професија е една од најстресните професии, некому му го земате домот, некој од доверителите бараат реализација на елементација, влегувате во туѓ дом, го селите домот и наплаќате огромни цифри, огромни пари со огромни стресови“, рече Зоран Димов- претседател на Комора на извршители.

За 13 години постоење извршителите успеале да наплатат разни долгови и побарувања во висина од 1,2 милијарди евра.