Обвинителството се жали на ослободителна за Дедо Љубе кој со пушка го бранеше домот

Кумановското обвинителство ја обжали пресудата со која беше ослободен од вина Љубомир Митев (79) од Којково, Кратовско познатиот дедо Љубе за обид на убиство и ранување на напаѓачот во неговиот дом,дознава порталот Досие.



По жалба на првостепената пресуда Апелациониот суд во Скопје може да ја потврди ослободителната пресуда, но може да ја укине или да ја преиначи.

Дедо Љубе беше нападнат во 2013 од разбојници во својот дом во кој пукал за да се одбрани себе и сопругата од нив.