урскиот претседател потпиша декрет со кој од должноста се рaзрeшуваат амбасадорите на Турција во 15 земји, меѓу кои и во Македонија, објави „Хуриет Дејли Њуз“.
Покрај амбасадорката во Македонија, Тулин Еркал Кара, сменети се и амбасадорите на Турција во Алжир, Бангладеш, Белорусија, Виетнам, Гамбија, Гватемала, Доминиканската Република, Естонија, Јордан, Казахстан, Туркменистан, Чад, Чиле и Шри Ланка.
Сите рaзрешени амбасадори ќе бидат прераспоредени на должности во турското Министерство за надворешни работи.





