„Шверцерите“ во МНТ направиле штета од 4.000 евра

„Прославата“ на навивачката група „шверцери“ во Македонски народен театар предизвикал штета од 3.965 евра која ќе треба да ја плати организаторот, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање.



„Откорнати се ногарки на столици од лежиште во вредност од 3.000 евра, откорнати се тапацири на потпирачи на 5 столици од 125 евра, како и парафети на галериите од 10 метри и од 2 метри, во вредност од 240 евра. Скршени се и орнаменти во вредност од 200 евра, искршени 5 подни светилки и дупки на теписон од цигари“, наброи Заев.

Тој рече дека материјалната штета ќе се надомести откако ќе биде утврдена одговорноста. Тој објасни дека во петокот се одржале два настани, а тој пристувал на одбележувањето на Денот на албанската азбука и за кој Владата со МНТ потпишала Договор за одбележување на празникот.

Пратеници од опозицијата побараа да им се достави на увид договорот што бил склучен за вториот настан, кога и настанала штетата. Според нив, тоа е клучно за да се утврди кој ќе ја плати штетата.