Марија, сопругата на пратеникот на СДСМ Костадин Ацевски, за кој медиуми јавија дека физички ја нападнал сопругата, во изјава за Плусинфо вели дека не била нападната ниту физички, ниту вербално, па дури дека сопругот никогаш не кренал рака на неа и дека е внимателен.
Ацевски вели дека не го ни повишил гласот кон неа.
„Веќе извесно време живееме одвено и таа вчера дојде дома и рече дека сака да остане тука поради децата. Реков дека тогаш јас ќе си одам, а синовите сакаа да дојдат со мене.
Тука настана недоразбирањето, по што таа се јави во полиција“, вели Ацевски за Плусинфо
Од МВР, како што пренесе Република соопштија:
„На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот“, стои во информацијата од МВР.
„Да имаше насилство, веднаш ќе поднесев оставка. Децата, сепак, ми се поважни од функцијата. Меѓутоа не го повишив ниту гласот“ – вели Ацевски.
Тие имаат два сина на возраст од 4 и од 6 години.




