Голем број албански семејства се сместуваат во струшките и охридските хотели после серијата земјотреси кои изминатото деноноќие ги погодија Драч и Тирана, дознава ТВ24.
Резервации постојано пристигнуваат уште од утрото по влчерашниот земјотрес од 6,4 степени а најголем број граѓани доаѓаат од Драч и околината, велат хотелиерите.
За да им излезат во пресрет, од здружението на хотелиери ХОТАМ информираат дека ги намалиле цените на пакетите за ноќевања и храна за 50 % .





