Висината на надоместоците се определуваше со одлука од страна специјалниот јавен обвинител и изнесуваше генерално, поради тоа што се менуваше тој износ, не беше секоја година ист, отприлика секој обвинител примил по околу 22.000 евра годишно како надоместок што не е многу далеку од примањата шти ги имаат за патни трошоци некои пратеници во нашата држави, изјави поранешната спацијална обвинителка Фатиме Фетаи.
Според неа, износите се приближни со тие на специјалните обвинители во регионот, со таа разлика што тие немаат задача да гонат актуелни функционери врз основа на дата база на прислушкувани разговори.
„Платата на обвинителите во СЈО изнесуваше 1.300 евра што беше за 300 евра повисока од платата на другите обвинители“, вели Фетиме Фетаи.
Обвинителката објасни дека за обезбедување на доверливоста, односно заради почитување на принципот на тајност и обезбедување на посебна заштита на приватноста на граѓаните на РСМ и на други лица беа склучени договори помеѓу специјалниот јавен обвинител и јавните обвинители и другите лица вработени во СЈО. И основот за тоа е во самиот Закон за СЈО.





