Албански медиуми јавуваат дека бројот на загинати и повредени по силниот земјотрес кој вчера ја погоди областа окоплу градот Драч во Албанија продолжува да се зголемува. До сега се регистрирани 24 загинати лица, додека медицинска помош побарале 650 граѓани.
Спасено е 17 годишно момче кој ги известил спасителите преку мобилен дека е под урнатините а тие успешно го лоцирале во урнатините во Драч.
Од поод урнатинирте се извлкечени 40 лица.
Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала беше еден од најсилните во серијата потреси.
Првите две регистрирани жртви се браќа од Косово, а меѓу загинатите има и млад човек кој неодамна излезе од затвор, како и еден полицаец на должност.
Локалните медиуми вчера информираа и за едно лице кое во паника за време на потресот скокнало од висока зграда.




